СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Во тек е истрага против Reddit и Robinhood за манипулација на пазарот

Комисијата за измами при Министерството за правда на САД, Комисијата за берзи и хартии од вредност и Комисијата за тргување со фјучерси започнаа истрага против Reddit и Robinhood поради нестабилноста на пазарот за акциите на „Gamestop“, објави „Zero Hedge“.

Robinhood ќе треба да обезбеди информации за трговијата, конкретно, ќе се следи можното постоење на шема „pump-and-dump“.

Во неа, одредени влијателни инвеститори намерно се обидуваат да ја надујат цената на одредени средства, во овој случај акциите на „GameStop“, а потоа да ги распродадат, генерирајќи профит од разликата во цената помеѓу вредноста со која продаваат и онаа по која тие ги купиле.

Исто така, ќе се испита дали брокерските компании како што е Robinhood, која ја запре можноста за акциите на GameStop да се купуваат кога беа најскапи, работеле во согласност со правилата.

Паралелно со ова, Комисијата за тргување со фјучерси на стоки ќе истражува за поскапување на цената на среброто, за кое исто така може да се каже дека е „надуена“ од страна на членовите на сабредитот r/wallstreetbets.

„Се чини дека постапките на децентрализирани и затоа нерегулирани групи на мали трговци – за кои се претпоставува дека се постари луѓе кои донесуваат одлуки за свои пари – доведе до реакција од владата … но тоа е за ваше добро, Америка“, иронично вели „Zero Hedge“.

Поврзани вести

САД паднаа на второ место, Сингапур е најконкурентна економија во светот

msp-admin

Во 2020 година ќе бидат испорачани 278 милиони 5G телефони

msp-admin

Ново, добро платено занимање во Италија, за кое не треба образование и идеи

msp-admin