СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Во тек е истрага против Reddit и Robinhood за манипулација на пазарот

Комисијата за измами при Министерството за правда на САД, Комисијата за берзи и хартии од вредност и Комисијата за тргување со фјучерси започнаа истрага против Reddit и Robinhood поради нестабилноста на пазарот за акциите на „Gamestop“, објави „Zero Hedge“.

Robinhood ќе треба да обезбеди информации за трговијата, конкретно, ќе се следи можното постоење на шема „pump-and-dump“.

Во неа, одредени влијателни инвеститори намерно се обидуваат да ја надујат цената на одредени средства, во овој случај акциите на „GameStop“, а потоа да ги распродадат, генерирајќи профит од разликата во цената помеѓу вредноста со која продаваат и онаа по која тие ги купиле.

Исто така, ќе се испита дали брокерските компании како што е Robinhood, која ја запре можноста за акциите на GameStop да се купуваат кога беа најскапи, работеле во согласност со правилата.

Паралелно со ова, Комисијата за тргување со фјучерси на стоки ќе истражува за поскапување на цената на среброто, за кое исто така може да се каже дека е „надуена“ од страна на членовите на сабредитот r/wallstreetbets.

„Се чини дека постапките на децентрализирани и затоа нерегулирани групи на мали трговци – за кои се претпоставува дека се постари луѓе кои донесуваат одлуки за свои пари – доведе до реакција од владата … но тоа е за ваше добро, Америка“, иронично вели „Zero Hedge“.

Поврзани вести

ОРМ очекува успешни избори и брзо формирање на стабилни институции

msp-admin

Цените на нафтата паѓаат поради блокадата во Кина: „Очекувањата за побарувачката не се премногу ветувачки“

Влатко Зорба

H&M под истрага поради наводна дискриминација на купувачите

msp-admin