20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вработените во Apple со бесплатен генетски тест

Apple, во партнерство со медицинската компанија Color Genomics, започна да им нуди на своите вработени бесплатен генетски тест, пренесува Business Insider.

Со таков тест, компанијата и нејзините вработени ќе можат да ја следат можната појава на наследни болести. Самата постапка се изведува во рамките на компанијата – вработените се испитуваат на Клиниката AC Wellness, која е филијала на Apple.

Генетскиот тест е апсолутно бесплатен за секој вработен. Се сведува на скенирање на организмот за генетски мутации кои укажуваат на зголемен ризик од карцином или срцеви заболувања.

На овој начин, Apple им заштедува на своите вработени околу 300 американски долари – толку чини процедурата. Покрај вработените во компанијата, тестот може да го направат бесплатно и членовите на нивното семејство.

Поврзани вести

Биткоинот продолжува да докажува дека може да биде најдобрата валута во светот

msp-admin

Амазон повторно ангажира голем број на професионалци

msp-admin

„Твитер“ размислува за воведување претплата

msp-admin