СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За прв пат по скоро 40 години, Budweiser нема да рекламира во „Супер Боул“

Коњите од расата Клајдсдејл, вклучени во рекламите за американското пиво Budweiser, станаа синоним за „Супер Боул“. Оваа година, сепак, добиваат пауза затоа што за прв пат по 37 години компанијата нема да рекламира за време на големото финале во американскиот фудбал.

Наместо тоа, Budweiser ги пренасочи парите што ќе беа потрошени на реклама (5,6 милиони долаи) за време на претстојниот настан на 7 февруари за да го поддржи „подигнувањето на свеста за вакцините Ковид-19 во форма на донации и идни рекламни кампањи“, објавија од компанијата.

Пандемијата го принуди Budweiser да го преиспита својот пристап, изјави потпретседателката за маркетинг Моника Растги за „Си-Ен-Ен Бизнис“ откако индустријата за производство на алкохол беше сериозно погодена од затворањето на барови и ресторани и прекинувањето на големите настани.

Марката сака да биде „активна“ во промовирање на свеста за вакцините, бидејќи тоа на крајот повторно ќе доведе до нормализирање на ситуацијата, додаде таа.

Дел од планираното време за рекламирање на Budweiser ќе биде обезбеден на Советот за рекламирање и Иницијативата за свесност за вакцините. Минатата година, двете компании склучија партнерство за да ја едуцираат американската јавност за безбедноста и ефективноста на вакцините.

Budweiser ќе донира 1 милион долари рекламно време на двете организации за идно рекламирање.

Другите брендови на Anheuser-Busch, како што се Bud Light и Michelob Ultra, ќе емитуваат 4 минути реклами за време на „Супер Боул“. Сепак, отсуството на Budweiser е нешто што Растги очекува луѓето да го забележат.

„Некои луѓе можат да прашаат зошто не сме таму за време на „Супер Боул“, но ние едноставно ќе се појавиме на поинаков начин“, вели таа.

Budweiser не е единствената голема компанија што ја пропушта големата игра оваа година. Coca-Cola и Pepsi, исто така, објавија во последните неколку недели дека нема да купуваат реклами за време на „Супер Боул“ оваа година.

в неодамна затвори 2.000 работни места како резултат на намалените приходи од изгубената продажба на ресторани. Pepsi соопшти дека своите маркетинг напори ќе ги насочи кон спонзорираното шоу помеѓу двете полувремиња на „Супер Боул“.

„Си-Би-Ес“ продал значителен дел од рекламите за дуелот оваа година, според извори на „Си-Ен-Ен Бизнис“. За споредба, во 2019 година, „Фокс“ ги продаде сите реклами до Денот на Благодарноста или повеќе од два месеци пред натпреварот.

Сепак, многу луѓе се оптимисти во врска со настанот, бидејќи тој обично е најгледан во годината.

Минатата година имало 102 милиони гледачи на „Супер Боул“ на Фокс. За споредба, вториот најгледан настан беше првата дебата меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден, која ја следеа 73 милиони луѓе.

Поврзани вести

Нови цени на горивата од полноќ

Растат цените на нафтата

Светска двојна МБА диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот Стразбур на СИТИ Колеџ

Влатко Зорба