СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бројот на вработени во ЕУ падна за 1,6% во последните 3 месеци од 2020 година

Вработувањето во Европската унија и еврозоната забави во последните три месеци од 2020 година, според последниот извештај на Бирото за статистика на ЕУ, Евростат.

Сезонски прилагодениот број на вработени во ЕУ се зголеми во четвртиот квартал на 2020 година за 0,4 проценти во споредба со претходниот квартал, кога тој се зголеми за 0,9 проценти, пресмета Евростат, малку менувајќи ја првичната проценка за крајот на годината.

Во еврозоната, бројот на вработени се зголеми за 0,3 проценти во споредба со периодот од јули до крајот на септември, кога скокна за еден процент.

На годишно ниво, бројот на вработени во ЕУ падна за 1,6 проценти во последните три месеци од 2020 година, скоро со истата стапка како и во претходниот квартал, и потона 1,9 проценти во еврозоната, откако падна за 2,1 процент во третиот квартал.

Евростат проценува дека во четвртиот квартал од 2020 година, според сезонски прилагодените податоци, во ЕУ биле вработени 206 милиони граѓани, од кои 157,9 милиони во еврозоната.

Пандемијата го намали бројот на вработени во ЕУ за 3,5 милиони во споредба со последниот квартал на 2019 година, утврдија статистичарите. Во еврозоната, нивниот број се намали за 3,1 милиони.

Најголем пад на бројот на вработени на квартална основа е забележан во Чешка, Хрватска, Латвија и Малта.

Бугарија, Кипар, Грција и Холандија забележаа благ пад од 0,5 проценти, додека вработеноста стагнираше во Австрија и Германија.

Меѓу земјите на ЕУ, најголемо зголемување на бројот на вработени на квартална основа забележаа Португалија и Естонија, за 1,9 проценти, следена од Шпанија со раст од 1,2 проценти.

Само Полска и Луксембург забележаа раст на годишно ниво во четвртиот квартал од минатата година, односно поголем број на вработени отколку во предпандемискиот период, за 0,8 и 1,7 проценти, според извештајот на Евростат. Сите други земји забележаа годишен пад на бројот на вработени, а најголем беше во Шпанија, за 4,2 проценти.

Естонија и Летонија следат со пад на годишно ниво на бројот на вработени за четири, односно 3,4 проценти, следени од Ирска со пад од 2,7 проценти и Хрватска со 2,4 проценти.

Поврзани вести

„Saxo Bank“ и нивните 10 „шокантни“ предвидувања за 2021 година

Влатко Зорба

САД по 2020 година: Короната ги „изеде“ финансиите на граѓаните, Волстрит доби 56 нови милијардери

Влатко Зорба

Пола од вработените во Facebook не веруваат дека компанијата има позитивно влијание на светот

msp-admin