СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Забраната на е-цигарите ќе направи повеќе штета отколку корист

Во време кога во САД постои двојна криза предизвикана од електронските (вајп) цигари – порастот на нивната употреба меѓу тинејџерите и „мистериозната” болест на белите дробови предизвикана од вајпинг производите, првиот предлог на американската државна администрација беше овој производ да се забрани.

„Предлогот да се отстранат електронските цигари од пазарот е разумен, но нивната забраната не е најдоброто решение од повеќе причини“, оцени Њујорк Тајмс, образложувајќи дека „таа мерка не гарантира дека младите ќе престанат да ги користат е-цигарите. Од друга страна пак, оваа мерка сигурно ќе натера 11 милиони полнолетни Американци, кои веќе ги користат овие производи, да изберат помеѓу традиционалните цигари (кои се се уште достапни иако се поштетни од е-цигарите) и вајпинг производите на црниот пазар.“

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) дури сега воведе правила за комерцијализација на алтернативните производи. Досега тоа се правеше доброволно па се покажа дека процедурата ја испочитувал само Филип Морис, кој чекал две години за ФДА да ги прегледа научните анализи во врска со IQOS-от (кој не е електронска цигара туку уред кој го затоплува, а не го гори вистинскиот тутун) пред да го стават овој производ на пазарот.

Се утврди дека IQOS е единствената алтернатива од двете категории, која има официјално одобрение од ФДА да се стави на пазарот при што ФДА соопшти: По ригорозната анализа заснована на научни факти, овој производ сега може да се најде на американскиот пазар, а една од причините е тоа што произведува пониско ниво на одредени токсини отколку цигарите кои го согоруваат тутунот.

Андре Каланцополус, генерален директор на Филип Морис, коментирајќи ја актуелната дебата во Америка, за ЊуЈорк Тајмс изјави: Технологиите како што се е-цигарите и производите кои го топлат а не го согоруваат тутунот, можат драматично да го намалат бројот на пушачи, што е можност на векот, но оваа прилика не смее да се искористи на сметка на младите. Одмерен и цивилизиран дијалог заснован на научни факти и на постојната регулаторна рамка, а не на емоции, страв и ширење на сомнеж, може да помогне да се искористи оваа прилика.

Поврзани вести

КИНЕСКИОТ ИЗВОЗ И УВОЗ ПРОДОЛЖУВААТ ДА РАСТАТ: Брзо закрепнување на втората по големина економија во светот

Влатко Зорба

Најбогатиот човек на светот повторно продаде акции: Овој пат во вредност од 3,1 милијарди долари

msp-admin

По падот на сообраќајот на најниско ниво во последните 25 години, европските аеродроми бараат помош

Влатко Зорба