СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Заканите од Волстрит ги „покосија“ кинеските технолошки гиганти

Пазарната вредност на четирите кинески технолошки гиганти, кои се котираат на берзите во Њујорк и Хонг Конг, падна за 60 милијарди долари во последните три дена поради опасност да бидат избришани од Волстрит.

Ова го покажа пресметка на CNBC заснована на податоци од платформата за финансиска анализа „Refinitiv Eikon“.

Тоа се компаниите Alibaba, Baidu, JD.com и Netease.

Поточно, од затворањето во вторникот до затворањето на денешното тргување во Хонг Конг, Alibaba изгуби 39 милијарди долари од пазарната вредност, Baidu 13,84 милијарди долари, JD.com 3,94 милијарди долари и Netease 3,52 милијарди долари.

Baidu, најголемиот кинески интернет-пребарувач, дебитираше на берзата во Хонг Конг во вторникот, со тоа што се најде на секундарниот пазар.

Само еден ден подоцна, во средата, Комисијата за берзи и хартии од вредност на САД (SEC) донесе декрет со кој се заканува да се отстранат странските компании кои не се во согласност со американските ревизорски стандарди од домашниот пазар на капитал.

Актот, познат како Закон за одговорност на странски холдинг компании, беше донесен од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Со него се бара е во странски фирми идентификувани од SEC, ревизијата да ја спроведува надзорно тело на САД и да докажат дека не се во сопственост или надзор на државна агенција во странска јурисдикција.

Компаниите, исто така, ќе мора да ги објават имињата на сите членови во нивните одбори кои се функционери на Кинеската комунистичка партија, се наведува во соопштението на SEC, пренесе Танјуг.

Поврзани вести

Британскиот извоз во ЕУ „потона“ за 68 отсто во јануари

Влатко Зорба

Над 300 матуранти се здобија со стипендии од Програмата за стипендии на МБУ, аплицирање до 25 септември

msp-admin

Велика Британија останува најголем купувач на руско злато