СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Земјите произведувачи на нафта се договорија да го намалат производството

Членови на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и други производители на нафта се согласија да ги зголемат цените на нафтата со тоа што ќе го намалат производството за скоро 10 милиони барели на ден.

Официјални лица од неколку земји кои учествуваат во денешните разговори преку видео-врска, велат дека е постигнат договор за намалување на светското производство на нафта за околу 10 проценти.

Министерот за енергија на Мексико напиша на Твитер дека државите се согласиле да го намалат производството на нафта за 9,7 милиони барели на ден од 1 мај, а кувајтскиот министер за нафта објави слична информација.

Иранското министерство за нафта исто така објави на Твитер дека е постигнат договор за намалување на производството за 9,7 милиони барели на ден во мај и јуни.

Во соопштението се наведува дека членовите на ОПЕК и другите земји меѓу кои Русија (т.н. ОПЕК плус) се согласија Мексико да го намали производството за само 100.000 барели во текот на тие два месеци.

Неподготвеноста на Мексико да го намали производството за 400.000 барели на ден, како што побара земјата, беше камен на сопнување во преговорите во четвртокот и петокот, со цел зголемување на цената на нафтата.

Иако Мексико првично го блокираше договорот, претседателот на таа земја, Андрес Мануел Лопес Обрадор во петокот изјави дека се согласил со американскиот претседател Доналд Трамп дека САД треба да придонесат делумно за намалување на производството на нафта наместо Мексико.

Лопес Обрадор изјави дека се согласил со Трамп дека Мексико го намалува производството на нафта за 100.000 барели на ден, и дека САД го намалуваат за дополнителни 250.000 барели на ден. Трамп подоцна во петокот потврди дека постигнал договор со Мексико.

Глобалното производство на нафта во светот и економската криза предизвикана од пандемијата од коронавирус предизвикаа пад на цената на нафтата на најниско ниво од 2002 година.

Од почетокот на годината, цените на суровата нафта опаднаа за 50 проценти. Тоаим помогна на потрошувачите и на деловните субјекти кои имаат потреба од нафта, но им наштети на многу земји и компании бидејќи нивните трошоци за производство стануваат непрофитабилни.

Договорот со ОПЕК плус државниот договор е без преседан и во обемот на намалувањата на производството на нафта и во бројот на земји учеснички. Многу од овие земји веќе долго време се лути ривали во енергетската индустрија.

Поврзани вести

Кинескиот БДП скокна за 6,5% во последниот квартал на 2020 година

Влатко Зорба

И Сорос се обложува на биткоин

Влатко Зорба

Денеска во Europe House е финалето на Креатон