СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Аналитичар од Волстрит го даде првиот рејтинг на акциите на Coinbase

Аналитичар од Волстрит има значителен биков став кон акциите на берзата Coinbase пред нејзиното јавно деби.

Гил Лурија од DA Davidson го даде својот прв рејтинг „buy“ на „Coin“, поттикнувајќи ја растечката инерција зад компанијата.

Аналитичарот пишува дека индустријата за криптовалути ќе има свој „Amazon момент“ со претстојнoто директно котирање на Coinbase.

„Ние гледаме на претстојното котирање на Coinbase како „Amazon момент“ за крипто – значајно достигнување во време кога светот на криптовалутите и традиционалниот финансиски систем се навистина испреплетени и крипто преминува од голема љубопитност кон иден пат за голем дел од финансискиот систем“.

Лурија ја зеде во предвид усогласеноста со регулаторните барања на берзата, како и нејзините супериорни безбедносни мерки: „Coinbase успеа да се справи и со владините регулатори и со многу мотивирани хакери, истовремено обезбедувајќи им на потрошувачите искуството што го очекуваат од голема финансиска институција“.

Coinbase, наводно, ја објавила својата декларација до SEC минатата недела. Освен што нуди детален преглед на финансиите на компанијата, проспектот открива и некои ризици со кои се соочува водечката берза во САД, како што е „негативната перцепција“ за најголемите криптовалути и појавата на конкурентни децентрализирани финансиски протоколи (DeFi )

Најзабележителен ризик е јавното откривање или повторно појавување на Сатоши Накамото, анонимниот творец на Биткоин, кој го напушти својот проект засекогаш во декември 2010 година.

Поврзани вести

По неколку дена во „црвено“, биткоинот повторно бележи раст

Влатко Зорба

„Моментот на вистината“ за дигиталното евро пристигнува во април

Влатко Зорба

Твитовите на Маск и Кубан го катапултираа доџкоин

Влатко Зорба