20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Bitcoin не престанува да „дивее“: Вреди дури 35.000 $

Со недели, најпознатата криптовалута, Bitcoin (BTC), ги руши своите рекорди. Неговата вредност неделева се „вртеше“ околу 34.000 долари, додека во моментов вреди неверојатни 35.000 $, покажуваат податоците на CoinMarcetCap.

BTC ја зголеми тројно својата вредност во текот на 2020 година, расте стабилно дури и кога падна берзата во раните денови на пандемијата.

Новиот рекорд доаѓа само неколку дена откако оваа дигитална валута падна за повеќе од 10 проценти, на 29.316 долари.

Инвестициската банка JP Morgan во понеделникот објави долгорочна прогноза за цената на дигиталната паричка, тврдејќи дека оваа криптовалута може да се искачи на дури 146.000 долари, натпреварувајќи се со златото како „алтернативна“ валута.

Поврзани вести

Швајцарската „крипто-долина“ започна да прифаќа биткоин и етереум за плаќање даноци

Влатко Зорба

ЕЦБ доби повеќе од 8.000 одговори на консултациите за дигиталното евро

Влатко Зорба

Биткоин дотурка до 48.000 долари

Влатко Зорба