СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

ЦME пушта Етереум фјучерси

Трговската берза во Чикаго (ЦМЕ) го започна тргувањето со фјучерси на Етерeум на својата платформа.

Ова во голема мера ги олеснува институционалните инвеститори во нивните обиди да добијат изложеност на втората најголема по пазарна капитализација криптовалута во светот.

Според Skew, вкупно 77 фјучерси на ЕТХ веќе се тргувани од лансирањето. Според спецификациите на ЦМЕ, договорите се за по 50 ЕТХ (во моментов околу 81,650 долари секој или 6,3 милиони долари вкупно).

„Со мрежата Етереум, која дава можност на десетици нови „крипто-еднорози“ во последната година, ЕТХ е подготвен да стане јасен фокус за инвеститорите кои бараат експозиција на пошироката крипто-иновација и сега многубројните случаи на употреба“, рече Лиор Месика, основач и управувачки партнер на фондот за ризици во ЕУ, Eden Block.

Тој додаде дека на многу начини Етереум во моментов е во многу рана фаза на ослободување на целиот свој потенцијал, додека Биткоин е докажан повеќе од 10 години.

Фјучерсите се наменети за продажба на средство по одредена цена на одреден датум во иднина. За разлика од опциите, фјучерс договорите мора да бидат извршени на датумот на истекување. Така, тоа е донекаде финансиско коцкање во кое една од двете страни „победува“ во зависност од разликата помеѓу цената на договорот и реалната пазарна цена на средството во моментот.

Додека CME започна Биткоин фјучерси и тргување со опции пред малку повеќе од три години – за време на врвот на БТК – требаше време берзата да додаде уште една паричка на списокот.

Но, EТХ е сосема поинаков. Блокчејн платформата служи како основа за безброј проекти за децентрализирано финансирање (ДеФи).

Кејден Стаделман, главен технички директор на снабдувачот на блокчејн решенија „Комодо“, рече дека лансирањето на ЦME на фјучерсите на ЕТХ е „следниот чекор“ кон усвојување на криптовалутите во институционалниот финансиски сектор.

Поврзани вести

Биткоин балонот наскоро може да пукне, вели поранешниот шеф на „BTCC“

Влатко Зорба

Grayscale купи Биткоини за 590 милиони долари за еден ден

Влатко Зорба

И BlackRock ќе купува биткоин

Влатко Зорба