СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Добар почеток: На првиот ден од 2021 година, биткоинот вреди повеќе од 29.000 долари!

Сигурни сме дека одамна сте чуле за најпознатата криптовалута во светот – биткоин, кој забележа неверојатен раст во 2020 година, како резултат на зголемениот апетит на инвеститорите за поризични, алтернативни средства.

Според експертите, оваа дигитална паричка дури напредна 10 пати повеќе од златото минатата година, а ние знаеме колку се цени благородниот метал кога ќе дојдат времиња на криза.

Биткоинот заврши на завидно ниво во 2020 година, а исто така „зачекори“ во 2021 година. Имено, во овој момент, популарната криптовалута вреди околу 29.300 долари.

Ако сè уште размислувате дали вреди да се инвестира во биткоин, обрнете внимание на овие 3 факти и инвестирајте мудро во годината што претстои.

1. Глобалното усвојување на биткоин се забрзува. На пример, бројот на корисници на популарниот блокчеин паричник постојано се зголемува во текот на 2020 година и се забрзува од почетокот на ноември. Податоците покажуваат зголемување на овие паричници во последните 12 месеци – од 43 милиони на 62 милиони.

2. Вредноста на биткоинот совршено одговара на макро-климата. Оваа монета е „родена“ од светската финансиска криза во 2009 година. Мала, но растечка група идеалисти го поддржуваа цело ова време, и сега е јасно зошто. Во Велика Британија, неодамна можете да откупите биткоин на дури 16.000 банкомати во земјата.

3. Вол Стрит станува „крипто“. Биткоинот беше најуспешната класа на средства во 2020 година. Златото и акциите останаа во „аголот“, во споредба со него.

Поврзани вести

Рекорден прилив на капитал на пазарот на криптовалути

Влатко Зорба

Жители на Шенжен ќе добијат дигитален јуан како дел од лотарија

Влатко Зорба

Mastercard ќе дозволи плаќања во криптовалути

Влатко Зорба