СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Етер забележа нов рекорд

Втората најпопуларна криптовалута, Етер, се искачи вчера за пет проценти, на нов рекорд од 2.074,46 долари. Тоа беше петти последователен раст на оваа криптовалута. Цената скокна за 18% оваа недела по одлуката на компанијата „Visa“ да ги олесни трансакциите со USD Coin на блокчејн мрежата Етереум, пишува порталот SEEbiz.

Во моментот на пишување на материјалот, дигиталната паричка, според „КоинМаркетКап“ чини $2,107.79, што е раст за 5.08% во последниве 24 часа, а пазарната вредност е 243,057,612,055 долари.

Етер, матичната криптовалута за Етереум, оваа година скоро ја зголеми тројно својата цена.

USD Coin е криптовалута чија вредност е фиксирана по курсот на доларот. Компанијата за картички „Visa“ се одлучи за проектот откако неколку други големи финансиски фирми, вклучително и BNY Mellon и BlackRock, овозможија плаќање со криптовалути, а аналитичарите заклучија дека дигиталните парички ќе станат составен дел од портфолиото за инвестиции.

Познатиот инвеститор Марк Кубан, водител на „Shark Tank“ на Си-Ен-Би-Си и сопственик на професионалниот кошаркарски тим Далас Маверикс, исто така рече дека е оптимист во врска со криптовалутите, вклучувајќи го и биткоинот, но дека Етер е „најблизу до вистинска валута“.

Дневната крива на Етер го покажува симетричниот пробив на триаголникот. Техничката анализа покажува дека повеќенеделната консолидација е завршена и дека започна поширок тренд на раст.

Поврзани вести

Питер Шиф зборува повеќе за Биткоин, отколку за златото

Влатко Зорба

RippleNet бележи рекорден обем на трансакции во 2020 година

Влатко Зорба

На 46 бензински пумпи во Хрватска веќе може да се плаќа со криптовалути

Влатко Зорба