Индија, втора најнаселена земја во светот, целосно ќе ги забрани криптовалутите.
Според извештаите на медиумите, оваа земја подготви закон со кој се криминализира трговијата, рударството, издавањето, трансферот или поседувањето криптовалути.
Законот се очекува да биде усвоен, со што Индија станува една од земјите со најстрог закон за дигитални валути.
Според предлог-законот, луѓето кои го поседуваат овој дигитален имот би имале шест месеци да се „ослободат“ од него. Сè уште не е познато каква казна може да добијат луѓето кои сепак ќе поседуваат дигитална валута по овој период, но во 2019 година беше препорачана казна затвор од 10 години за прекршоци поврзани со криптовалути.
Разговорите за овој ригорозен закон се во „завршна фаза“, иако нема строга временска рамка за негово воведување.
Владата на Индија ги претстави своите планови во јануари, кога го објави дневниот ред за претстојната седница на Собранието. Таа агенда вклучуваше забрана за „сите приватни криптовалути“ во Индија, со некои исклучоци за промовирање на општата употреба на блокчеин технологијата. Крајната цел на овој закон е владата на Индија да ја издаде својата официјална дигитална валута и целосно да забрани други приватни алтернативи, како што е биткоинот.
Ниту една друга земја не спроведе ваков тип на забрана за криптовалути. Кина, која има најстроги политики, ја забранува трговијата со монети, но не го забранува нивното поседување.