СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

По објавата на Mastercard, Биткоин „тера“ кон 50.000 долари

Криптовалутата биткоин вчера достигна ново највисоко ниво во историјата.

Најпопуларната криптовалута ја надмина границата од 48.000 американски долари благодарение на издавачот на кредитни картички Mastercard, бидејќи компанијата објави дека наскоро ќе им овозможи на сопствениците на картички на својата мрежа да извршуваат одредени трансакции во криптовалути.

На берзата на криптовалути Bitstamp, биткоинот се искачи на 48.481 американски долари, малку надминувајќи го претходниот максимум, исто така достигнат оваа недела.

„Без оглед какво е вашето мислење за криптовалутите – ако сте страстен фанатик или екстремен скептик – факт е дека овие дигитални средства стануваат сè поважен дел од платниот свет“, напиша Рај Дамодхаран на официјалниот блог на Mastercard во средата

На пример, Mastercard неодамна забележа дека луѓето купуваат криптовалути со своите картички, а се повеќе и повеќе корисници исто така ги претвораат криптовалутите во традиционални потрошувачки валути.

„Ние се подготвуваме за иднината на крипто светот и плаќањата“, продолжи Дамодаран.

„Нашата филозофија во врска со криптовалутите е едноставна: тоа е прашање на избор. Mastercard не сака да ви препорача да започнете да користите криптовалути. Но, ние сме тука за да ги поддржиме клиентите, трговците и компаниите во пренесувањето на дигитална вредност – во традиционална или крипто форма – како и да сакаат“, рече Дамодаран.

Сето ова претставува „вода на воденицата“ за инвеститорите во криптовалути. Биткоинот на тој начин стабилно се приближува до волшебната граница од 50.000 американски долари со помали подеми и падови, во моментов лебди околу 48.000 американски долари.

Другите крипто-валути исто така „летаат“ нагоре; втората најважна криптовалута, Етереум, на пример, ја проби границата од 1.800 долари за прв пат.

Поврзани вести

Турција забранува употреба на криптовалути од 30 април

Влатко Зорба

Аналитичарите се прашуваат: Кој купи биткоини за 806 милиони долари?

Влатко Зорба

Биткоин „рударите“ заработија 1,36 милијарди долари во февруари

Влатко Зорба