СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Vivo патентирал телефон со флексибилен екран, кој се отвора кон надвор

Производителите на телефони експериментираат со различни решенија кога станува збор за телефони со флексибилни екрани. Најновиот пример е во форма на патент на Vivo, за дизајн кој прикажува шарка што овозможува уредот да се отвори кон надвор и дисплеј што се протега на задниот панел.

Уредот се појави на CNIPA (кинеска национална управа за интелектуална сопственост), со скици кои го прикажуваат уредот од сите страни. Дизајнот открива дека Vivo планира да постави пет камери на задната страна, во формација Х. Постои и LED блиц, а една од камерите ќе биде перископ сензор.

Патентирање на ваков необичен флексибилен уред не значи дека Vivo ќе го објави комерцијално. Сепак, ова секако дава увид во фактот дека компанијата има планови за растечки флексибилен пазар на телефони и експериментира со свои решенија во оваа област.

Поврзани вести

Елон Маск претстави свињи со чипови и порача: Би можел и јас да го имам сега вградено (видео)

msp-admin

Како правилно да го дезинфицирате вашиот паметен телефон?

msp-admin

OmniVision претстави нов сензор од 40MP за паметни телефони

Влатко Зорба