Фирмата за блокчејн анализи „Santiment“ откри дека крипто-китовите може да стојат зад неодамнешното рели на алтткоините по значајната корекција на Биткоин.
Во нов твит, „Santiment“ вели дека SushiSwap (SUSHI) добро се претстави и покрај неодамнешниот корегирачки потег на Биткоин, додека „китовите“ преземаат децентрализирани финансиски средства (DeFi).
„SUSHI направи еден од најдобрите скокови по краткиот пад на БТК под 30.000 американски долари. Зошто? Китови, како и обично. Бројот на адреси на SushiSwap со најмалку 100.000 токени се зголеми со невидена стапка и цените обично ги следат топ сопствениците“.
SushiSwap (SUSHI) е децентрализирана берза што им овозможува на корисниците да тргуваат со крипто-средства.
Со автоматскиот маркет мејкер управува SUSHI, токен што им се дистрибуира на давателите на ликвидност на SushiSwap. SUSHI им дава на сопствениците право на управување, истовремено дозволувајќи им да се обложуваат на паричката во протоколот, за да добијат награди.
Средството се тргува за 8 долари за време на пишувањето.
Компанијата за блокчејн исто така вели дека другите алткоини се зголемуваат по падот на Биткоин. Некои од овие проекти го вклучуваат второто најголемо крипто-средство според пазарната капитализација, Ethereum (ЕТH) и симболот за протокол за ликвидност на деривати Synthetix (SNX).
Другите токени, што скокаат, ги вклучуваат токенот DeFi Yearn.finance (YFI), производителот на автоматски пазар Uniswap (UNI), протоколот за крипто-кредитирање и позајмување Compound (COMP) и децентрализираната размена Bancor (BNT), според „Santiment“.
Оттаму додаваат дека бројот на Ethereum китови расте откако водечката платформа за паметни договори достигна нов ценовен рекорд.
„Дали мислите дека Ethereum китовите печалат од првиот АТH на ЕТH во последните три години? Во саботата имаше 1.211 адреси со 10.000 ЕТH, непосредно пред историскиот скок. Тој број сега е 1.225“.