Најстарата и најпопуларна криптовалута, биткоинот, беше „во црвено“ во последните 24 часа, бидејќи забележа пад од скоро 4 проценти.
Имено, неговата вредност се движеше од 47.900 до 51.400 долари, а со биткоинот во моментов се тргува по цена од околу 49.290 долари.
Најпознатата дигитална паричка се урна во четвртокот, кога изгуби дури 17% од својата вредност по твитот на Елон Маск. Сопственикот на „Тесла“ и самопрогласениот „техно крал“ тогаш на Твитер објави дека неговата компанија престанала да прифаќа биткоин за набавка на нивните возила, од еколошки причини.
Пазарната капитализација на биткоинот е сè уште под трилион долари и во моментов е околу 922 милијарди.
Втората најпопуларна крипто-валута Етер беше во црвено во последните 24 часа. Неговата цена се движеше од 3.800 до 4.170 долари, што е пад од околу 3 проценти.
Во моментов се тргува за 3.897 долари.
Попопуларниот доџкоин вчера забележа огромен скок од скоро 40 проценти, а денес е претежно во мирување. Оваа криптовалута ослабе за нешто повеќе од 1 процент и во моментов е со цена од 0,53 долари.