СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Ситибанк: Биткоинот може да стане претпочитана валута за меѓународно тргување

Аналитичарите на Ситигруп веруваат дека најпопуларната криптовалута, биткоинот e na пресвртна точка и дека еден ден може да стане една од валутите за меѓународна трговија.

„Постојат голем број ризици и пречки што стојат на патот за напредок на биткоинот“, напиша тимот за глобалните перспективи и решенија на американската банка во белешката во понеделникот.

„Иднината на биткоинот е се уште неизвесна, но развојот на настаните во блиска иднина веројатно ќе се покаже одлучувачки бидејќи валутата ќе се балансира на пресвртната точка на прифаќање или шпекулативна имплозија. Влезот на институционални инвеститори ја зголеми довербата во криптовалутите, но сепак има проблеми што можат да го ограничат широкото прифаќање“, пишуваат од Сити.

„За институционалните инвеститори, ова вклучува загриженост во врска со ефикасноста на капиталот, осигурувањето и чувањето, безбедноста и разгледувањето на ЕСГ (Environmental, Social and Governance) од „копањето“ на биткоин“, додава банката.

„Се случуваат безбедносни проблеми со криптовалутите, но тие имаат подобри резултати во споредба со традиционалните плаќања“, истакнуваат од Сити.

Ваквите анализи сведочат за промена на пристапот на големите финансиски институции кон биткоинот. Многу банки избегнуваа дигитални средства во минатото, тврдејќи дека тие немаат никаква суштинска вредност, а возбудата околу нив, велеа тие до неодамна, е слична на онаа за лалињата од 17 век.

Но, дивиот пораст на биткоинот во текот на изминатите неколку месеци ги принуди големите играчи на Волстрит да ги преоценат повторно криптовалутите. BNY Мелон, најстарата банка во САД, минатиот месец рече дека ќе понуди услуги за чување на биткоин и други дигитални валути. Во меѓувреме, JPMorgan рече дека сериозно размислува за биткоин.

Но, биткоинот и другите криптовалути честопати се предмет на диви напади на нестабилност. Нешто повеќе од една недела откако достигна највисоко ниво од над 58.000 долари, цената на биткоинот падна за повеќе од 10.000. Оваа година сè уште е во плус дури 60 проценти и неверојатни 460% во последните дванаесет месеци.

Поврзани вести

Нуди 72 милиони долари за да најде фрлен хард диск со 7.500 Bitcoin

Влатко Зорба

Litecoin за кратко стана четвртата по големина криптовалута според пазарната капитализација

Влатко Зорба

Нов рекорд за најпопуларната криптовалута: Биткоин надмина 50.000 долари

Влатко Зорба