Извршниот директор на Тесла, Елон Маск, даде изјава вчера, од која може да се заклучи зошто таа компанија за производство на електрични возила инвестирала во биткоин.
Имено, тоа беше изненадување за оние кои претходно забележаа дека во центарот на неговите твитови често се појавува миме од друга криптовалута – доџкоин, објави „Јаху фајнансис“.
Маск реагираше на еден твит кој содржи коментари од Чангпенг Жао, извршниот директор на берзата за криптовалути „Бајнанс“, кој рече дека е изненаден што Елон Маск е толку „премногу ентузијаст во врска со доџкоин“.
Маск објасни дека инвестициите на Тесла „не го одразуваат целосно неговото мислење“. Шефот на Тесла додаде дека биткоинот, кој тој го опишува како „едноставно помалку глупав облик на ликвидност од готовина“, е „веќе доволно авантуристичка работа за компанија од индексот S & P500“, а камоли доџкоин“.
Говорејќи за неговата лична позиција, Маск спомена дека тој е „инженер“, а не „инвеститор“.
„Јас дури и не поседувам други акции со кои се тргува јавно, освен акциите на Тесла“, напиша милијардерот.
Да потсетиме, Тесла инвестираше 1,5 милијарди долари во биткоин и објави дека очекува да прифати плаќања во таа криптовалута во блиска иднина.
Биткоин ја достигна највисоката вредност во историјата денеска, откако се тргува за над 55.000 долари за „парче“.