СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Најпопуларната дигитална паричка повторно паѓа

Биткоин се консолидираше под 60.000 долари утрово, откако забележа рекордно ниво за викендот – вредеше над оваа бројка. Во саботата, на 13 март, точната вредност на најпознатата криптовалута беше 61.781 долари.

Тоа е раст од 5,77 проценти, а биткоинот зајакна за 80% само во 2021 година, и дури 570 проценти во последните 12 месеци. Главната причина? Коронавирусот, разнишана економија и бурни пазари на валути.

Новото зајакнување на алтернативната валута беше придонесено од подобрување на апетитот на ризичните инвеститори на финансиските пазари, откако претседателот на САД, Џо Бајден, го потпиша законот за фискални стимулации од 1,9 трилиони долари и нареди забрзување на вакцинацијата.

Во текот на претходниот викенд, инвеститорите се фокусираа на инфлацијата и американскиот стимулативен пакет, кој требаше уште повеќе да ја турка вредноста на дигиталната паричка, сепак, таа падна

Биткоинот сега вреди нешто повеќе од 56.000 УСД.

Поврзани вести

Две причини за колапс на биткоинот

Влатко Зорба

И eToro престанува да тргува со XRP

Влатко Зорба

Проценка на „Блумберг“ за биткоинот: Попрво ќе достигне 100.000 отколку да падне под 20.000 долари

Stefanija Kuzmanovska