СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

21 адвокат се подготвува за случајот на SEC против Ripple

Дваесет и еден адвокат се подготвува да се бори против тужбата на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) против Ripple и двајца нејзини директори.

Четворица адвокати го застапуваат Бред Гарлингхаус, извршниот директор на компанијата, четворица го претставуваат коосновачот Крис Ларсен и уште 13 работат за самата компанија, според судските документи.

SEC тврди дека Ripple нелегално го продавал XRP како нерегистрирана хартија од вредност при лансирањето и тврди дека дигиталното средство и денес е хартија од вредност.

Комисијата во вторникот објави дека Марк П.Бергер, вршител на должноста директор на Одделот за извршување на SEC, ќе си замине овој месец.

Бергер се приклучи на агенцијата во 2017 година и беше назначен за заменик директор на одделот за имплементација во август.

Покрај Ripple, Бергер, меѓу другите, презеде активности и против Robinhood, Credit Suisse Securities, Њујоршката берза, JP Morgan Securities, Deutsche Bank AG, Herbalife Nutrition, Stryker Corp, General Electric, Hertz и Telegram Group

Бројни извештаи сугерираат дека новоизбраниот претседател Џо Бајден најверојатно ќе го избере Гери Генслер за следен претседател на SEC.

Поранешниот претседател на Комисијата за тргување со фјучерси претходно изјави дека може да се тврди дека XRP има карактеристики на хартија од вредност.

Поврзани вести

Топ крипто-берзи преместија милиони XRP токени

Влатко Зорба

Аналитичар на „Блумберг“: Биткоин оди на 100.000 долари до крајот на месецот

Влатко Зорба

„Морган Стенли“ размислува да се обложи на Биткоин

Влатко Зорба