СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

НОВ РЕКОРД: Етереум надмина 3.400 долари!

Етереум, втората по големина дигитална монета во светот, синоќа достигна нова рекордна вредност од 3.456,57 долари, со што ја зголеми својата цена за околу 360 проценти од почетокот на оваа година.

На трговијата денес околу пладне по азиско време, оваа криптовалута падна од рекорд на ниво од 3.271,90 долари, пренесе CNBC, повикувајќи се на најновите податоци на веб-страницата CoinDesk.

Интересот за криптовалутите силно порасна во текот на изминатата година, а побарувачката за биткоин најмногу зајакна, постојано рушејќи ги сопствените рекорди на вредност. Растот на неговата вредност се припишува на низа фактори, вклучувајќи го и зголемениот интерес на институционалните инвеститори и големите компании, како што е „Тесла“, кои започнаа да го купуваат.

Некои го опишуваат Биткоин како „дигитално злато“ и „чувар“ на вредностите во време на геополитичка турбуленција или нестабилност на финансиските пазари, како и заштита од инфлација.

Етереум е различен. Функционира повеќе како платформа на која програмерите можат да градат апликации. Етереум е името на мрежата или основната блокчејн технологија, додека етерот е дигитална валута што се користи за лансирање на платформата.

Таканаречените „паметни договори“ се клучна карактеристика на Етереум. Ова се договори што може да се извршат автоматски со користење на код.

Употребата на Етереум станува сè почеста кај таканаречените децентрализирани финансиски апликации или апликации DeFi. Овие се финансиски услуги засновани на блокчејн, како што се заеми, што во теорија би можело да ги заобиколи банките и брокерските куќи.

Минатиот месец, Европската инвестициска банка објави дека ја издала својата прва дигитална обврзница за јавно тргување на блокчејн платформата Етереум.

Поврзани вести

Турција: Криптовалутите нема да бидат целосно забранети

Влатко Зорба

Што да очекуваме од Биткоин во март?

Влатко Зорба

Binance Coin е сè поблизу да го надмине Ethereum

Влатко Зорба