Министерството за дигитална трансформација на Украина потпиша меморандум со INTELMAX Management Consulting од Абу Даби, кој предвидува соработка за создавање платформа за размена на интелектуална сопственост заснована на блокчејнот Fantom, што ќе обезбеди зголемена безбедност и транспарентност. Предвидено е и воведување на блокчејн технологии во владините процеси и услуги.
Според кабинетот на претседателот Владомир Зеленски, се разгледува можноста за отворање украински фонд за заеднички инвестиции.
„Покрај тоа, околу 18 украински приватни компании, вклучувајќи ги Interpipe, Dragon Capital, DTEK, Unit City, EastOne, UMG, Ufuture, Fortior, потпишаа меморандуми со државниот инвестициски фонд Мубадала“, соопшти претседателскиот кабинет.