СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Во оптек околу 5.000 криптовалути без никаква контрола

Ширењето на криптовалутите без јасни регулативи е причина за загриженост затоа што може да го наруши начинот на функционирање на финансискиот пазар, изјави денеска шефот на италијанскиот берзански регулатор, Паоло Савона, предупредувајќи дека во светот циркулираат помеѓу 4.000 и 5.000 дигитални валути чие тргување воопшто не е регулирано.

Савона им се придружи на голем број лидери на финансиски институции кои се за поголемо регулирање на овој сегмент на пазарот, нагласувајќи дека крипто-валутите можат да олеснат нелегални активности како што се перење пари, па дури и да ја нарушат способноста на централните банки да водат монетарна политика, пренесe Ројтерс.

„Без соодветен надзор, транспарентноста на пазарот може да се влоши, што е основа на легитимност и рационален избор за операторите (на пазарот)“, рече Савона, претседател на италијанската комисија за пазар на капитал, „Консоб“, претставувајќи го годишниот извештај на надзорното тело.

Европа и Соединетите држави работат на прописи за регулирање на дигиталните средства и нивните добавувачи, бидејќи инвеститорите бараат нови основни правила.

Покрај развојот на регулаторната рамка, некои земји, вклучувајќи ги Кина, Велика Британија и Русија, размислуваат и за лансирање на сопствени централни валути.

Савона изјави дека во оптек има околу 4.000-5.000 криптовалути за кои не постои форма на регулација.

„Ако на тоа го додадеме и неодамнешното искуство на „Консоб“ со затворањето на стотици веб-страници во Италија кои нелегално собираат заштеди, сликата станува загрижувачка“, додаде тој.

Тој предупреди дека криптовалутите може да послужат како покритие за криминални активности како што се затајување данок, перење пари, финансирање тероризам и киднапирање.

„Ако потрагата по решение на европско ниво трае премногу долго, ние (Италија) ќе мора да преземеме свои мерки“, рече Савона.

Поврзани вести

Најлошата недела за Биткоин од март ја намалува вербата во крипто-бумот

Влатко Зорба

Биткоин-рударството за 3 години ќе троши енергија како Италија или Чешка

Влатко Зорба

Ким Дотком сака да го финансира развојот на Bitcoin Cash

Влатко Зорба