СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Фејсбук
МК Сцена

(Фото) Погледнете каква убавица е сопругата на Лозано, со која го доби синот Марко!

Познатиот македонски пејач Влатко Лозаноски – Лозано и покрај својата слава, приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста.

Лозаноски е во брак со убавицата Сава Грачанин со која беше долги години во врска.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

 

Нивната врска започна далеку од очите на јавноста, но брзо привлече внимание. Сава во 2013 година беше втора придружничка на изборот за Мис на Македонија, а Лозаноски тогаш јавно изрази гордост за нејзиниот успех. Две години подоцна, во 2015 година, пејачот ја побара за жена, по што следуваше свршувачка која беше објавена и на социјалните мрежи

Во еден период ја раскинаа свршувачката, за по неколку години пак да ѝ дадат шанса на својата љубов.

По обновувањето на врската, тие изградија семеен живот далеку од очите на јавноста.

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Нивната љубов помина период на турбуленции, но на крајот победи љубовта.

Веста дека очекуваат дете остана тајна сè до октомври 2024 година, кога пејачот објави дека им се родил синот Марко.

 

Фото: Принтскрин / Инстаграм

 

 

Поврзани вести

Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

Urednik

Арсовски за стариот „Леб и сол“: Нешто исчезна меѓу нас во 2007 година, недостасува магија

Urednik

Кирил Џајковски и Констракта, специјални гости на концертот во чест на Влада Дивљан

Urednik