СТАНДАРД life
МК Сцена

„Интервентна единица ме симна од сцената“: Војаж откри зошто му бил прекинат настапот во Охрид

Раперот Михајло Веруовиќ Војаж настапи синоќа, на 31 јули, во Охрид но концертот набрзо беше прекинат.

Војаж се огласи на своите социјални мрежи, а ја откри и причината за прекинот на настапот кој Македонците со нетрпение го чекаа.

Поради големиот број посетители и безбедносни проценки, државните служби одлучија да го откажат настанот.

-Поради интервенција на полицијата бев принуден да го прекинам настапот во Охрид. Поради преголемата посетеност и безбедносната проценка на државните органи, интервентната единица реагираше и ми го прекина настапот и ме симна од сцената – започна младиот рапер, па додаде дека следниот пат ќе прави уште поголем спектакл, но и се извини до фановите за неочекуваниот исход.

„Охрид, беше супер, многу ми е жал што настапот беше прекинат бидејќи енергијата беше неверојатна, но не можеме да одиме против одлуките на државните органи. Се надевам дека наскоро ќе успееме да го надоместиме ова, и да направиме уште поголем спектакл. Војаж ве сака и благодарам за разбирањето“, порача тој преку Инстаграм.

Поврзани вести

🎥Сара Мејс го оживеа божиќниот дух на македонската музика – Божественото патување на Псалм 150 до Давидовата харфа

Urednik

Гиговска за „Стандард лајф“: Имам позитивна трема за враќање на сцената и чувствувам дека повторно треба да ги освојам сите кои ме сакаат

Urednik

Коки во чест на својот пријател и колега Дуле на 15 септември ќе одржи концерт во Домот на млади во Штип

Radmila Tasevska