СТАНДАРД life
МК Сцена

Јон Вардар повторно во Бразил

После Јужноамериканската премиера на Јон Вардар против Галаксијата на еден од најголемите филмски фестивали во Латинска Америка, престижниот Мостра до Сао Паоло, првиот македонски долгометражен анимиран филм повторно патува за Бразил.

Овојпат, Јон Вардар ќе биде прикажан во „бразилското Сен Тропе” на 6. декември, на 14тото издание на меѓународниот филмски фестивал Балнеарио Камбориу.

Режисерот Цветановски изјави дека поканата за учество ја добил од директорот на фестивалот веднаш после проекцијата во Сао Паоло.

„Се’ уште сум воодушевен од реакцијата на бразилската публика. После првата проекција се сликав со група весели ученици со кои разговаравме за филмот, а потоа следеше и интервјуто за бразилскиот сервис на ‘Си-ен-ен’. Драго ми е што филмот наиде на интерес во Бразил и повторно ќе биде прикажан таму”, изјави Цветановски.

Ова е четврта фестивалска презентација на Јон Вардар против Галаксијата, а Цветановски најави возбудливи новости во текот на 2025.

Поврзани вести

Тозија: „М“ ја доби наградата за најдобар на „Dances with films“ затоа што не е клише, ретко виден за тамошната публика!

Urednik

„Кажи ми во лице“ е мелем за уши – Музичкото дуо Дупер со нов музички хит

Radmila Tasevska

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот „Соучесници“

Urednik