СТАНДАРД life
Секс и врски

Еве како се однесува жена на која ѝ недостасува секс: Еден знак ја оддава

Сите знаеме дека сексот е здрав и има одредени придобивки за нашето тело, како за жените, така и за мажите. Исто така, сексот влијае и на расположението на личноста, но многу работи поврзани со него и понатаму се табу-тема. Особено кога станува збор за жените.

Жена која долго време немала сексуален однос, колку и да се труди, ќе ја издаде говорот на телото и постојаното нерасположение. Еден од најјасните индикатори е говорот на телото . Жената која е сексуално исполнета обично изгледа опуштено и задоволно, што може да се види во начинот на кој оди – со леснотија и природна положба. Спротивно на тоа, жената на која долго време ѝ недостасувала интимност , честопати изгледа стегнато и напнато во движењата, како да не може целосно да се опушти. Овој прв визуелен впечаток може да биде таков што другите брзо го забележуваат.

Друг знак е заморот и полошиот сон. Сексот има улога во лачењето на хормони како што е окситоцинот, кој има смирувачки ефект и ви помага да спиете подобро. Кога се јавува апстиненција, овие хормони не се ослободуваат редовно, па жената може да има проблеми со квалитетот на сонот и ќе биде ненаспиена. Ако апстиненцијата од секс потрае подолго, ќе почнат да се гледаат посериозни последици од недостигот на сон, па може да изгледа постаро одошто е – тенот, брчките или заморот на лицето може да бидат поизразени од вообичаеното.

Покрај физичката напнатост и недостатокот на одмор, многу жени може да станат понервозни или лесно да се вознемируваат. Сексот игра важна улога во ослободувањето на хормоните на среќата како ендорфините, па затоа неговото отсуство може да доведе до промени во расположението и посилни емоционални реакции. Жената која долго време немала секс може почесто да реагира со лутина или фрустрација, дури и во ситуации кои не изгледа дека го оправдуваат тоа.

Исто така, недостатокот на блискост може да влијае на самодовербата. Сексуалната активност е поврзана не само со физичка, туку и со емоционална интимност, кога оваа компонента е отсутна подолго време, може да влијае на чувството за вредност и самодоверба. Некои луѓе може да станат понесигурни во врска со својот изглед или своето место во врските, а тоа може да се манифестира преку однесување или комуникација со другите.

Накратко, иако жените секако можат да ги контролираат своите емоции и да не ги покажуваат отворено, одредени модели на однесување со напнатост во телото, непроспиен изглед, нервоза и ниска самодоверба можат да бидат знаци дека им недостасува интимност подолго време.

Поврзани вести

Убава, паметна, успешна, но сама? Експерт за врски открива зошто ваквите девојки не можат да најдат партнер

Radmila Tasevska

4 типови на жени кои најбрзо се согласуваат на секс

Urednik

Треба да ги јадат сите мажи: Овие намирници ја зголемуваат сексуалната желба и квалитетот на оргазмот

Urednik