СТАНДАРД life
Секс и врски

Како да заведете маж ако имате 40+?

Од почетокот на времето, мажите и жените, па дури и најсамоуверените, се обидуваат да ја откријат тајната формула која ќе им помогне да ја заведат личноста што им се допаѓа. Свесни сме дека не сме сите исти и дека тактиката која „пали“ за еден, нема да послужи за друг човек… Има ли „правилник“, некои докажани совети за заведување кои можат да се применат за сите членови на спротивниот пол?

Експертите за врски, психолозите, животните тренери и многу други се занимаваат со оваа тема речиси секојдневно, а советите до кои повеќето од нив доаѓаат обично се сведуваат на тоа да се биде природен, да се биде тоа што си. Ова правило важи и за двата пола, а кога станува збор за дамите кои имаат над 40 години, со текот на годините се издвојуваат некои совети кои во пракса се покажале како најефективни. Така дами, еве што треба да направите за да заведете маж…

1. Покажете „малку кожа“

Не е тајна дека мажите се визуелни суштества. Ако мислите дека решението е длабоко деколте или екстремно кратко здолниште, се лажете. Иако уживаат во глетката на женските облини, на мажите овој стајлинг обично им е сигнал дека сте очајни, а тоа секако не е пораката што сакате да ја испратите. Можеби не знаете, но тие многу подобро реагираат на голи рамена и врат! Свртете им го вниманието на дупката помеѓу вратот и клучната коска со дискретно ланче. Истражувањата покажаа дека мажите го поврзуваат овој дел од телото со женственост и ранливост, што е особено привлечно за нив.

2. Поглед и насмевка – фатална комбинација

Сигурно безброј пати сте слушнале дека погледот е едно од најмоќните оружја кога станува збор за привлекување на спротивниот пол. Ќе постигнете уште подобар ефект ако го споите со вашата најдобра насмевка! А тоа го потврдува и американски експеримент. На жената која во кафулето само разменувала погледи со мажи и пришле 20 отсто од нив. Меѓутоа, кога на својот изглед „додала“ насмевка, успехот бил значително поголем – дури 60 отсто од мажите сакале да ја запознаат. Не без причина се вели дека насмевката е најдобрата шминка што една жена може да ја стави на себе!

3. Имитација

Постои една студија која вели дека имитирањето на нечии движења може да го зголеми интересот на таа личност за вас. Размислете за тоа, тоа е нешто што многу често се случува спонтано со луѓе кои ви се блиски, без разлика дали се љубовници или пријатели. Но, ако намерно ги имитирате движењата на мажот за кој сте заинтересирани, влијаете на неговата потсвест така што ќе го натерате да се чувствува повеќе поврзан со вас. Се разбира, тоа не значи дека треба целосно да го копирате сето она што тој го прави. Бидете дискретни. Сè што треба да направите е да ги прекрстите рацете кога и тој го прави тоа или да истурете пијалок во чаша кога ќе посегне по својата …

4. Изберете ја неговата лева страна

Левата страна на нашето тело е поврзана со десната страна на мозокот, која е задолжена за чувствата и естетиката, додека левата се занимава со логика и расудување. Експертите веруваат дека ако одите или седите на левата страна на мажот кој ви паднал во око, и разговарате во неговото лево уво, ќе имате поголем ефект на десната, или повеќе „забавна“ страна на неговиот мозок. На овој начин вашиот глас и вашиот изглед поемотивно ќе го стимулираат. Исто така, една студија на Американскиот универзитет во Хјустон покажа дека изразите на чувствата стигнуваат до нас порано ако ги слушнеме на левото уво.

5. Суптилно свртете го вниманието кон вашите нозе

Ако седите во кафуле или бар, одвреме-навреме прекрстете ги нозете. Не е важно дали имате панталони, долго или кратко здолниште, важно е стапалата да ви бидат откриени. Експертите за говор на телото велат дека на овој начин дискретно, но со допир на заведување, ќе го привлечете вниманието на мажот кон долниот дел од вашето тело, кој дефинитивно сака да го допре.

3 сурови вистини за мажите кои треба да ги знае секоја жена

Поврзани вести

Што се случува со нашиот мозок кога сме заљубени?

Radmila Tasevska

Овие секс пози не им се допаѓаат на мажите, а некои дури и се плашат од нив!

Urednik

Хороскопските знаци кои се најстрастни во спалната соба

Urednik