СТАНДАРД life
Секс и врски

Кои сексуални односи треба строго да се избегнуваат?

Веројатно звучи чудно кога велиме дека треба да се избегнуваат сексуални односи, но има одредени ситуации кога е најдобро да се каже „не“.

Пијан секс

Сексот со момче што штотуку го запознавте во клубот сигурно изгледа како одлична идеја после неколку коктели, но не е. Сексот за една ноќ и не е толку лоша работа, но ако едвај стоите на нозе, не ви препорачуваме да однесете никого освен себе во кревет.

Без заштита

Ве уверува дека е чист, и веројатно е, но додека не стави кондом на својата „гордост“, нема секс. СПБ и несаканата бременост не се работи со кои треба да се поигрува, а ако тој тврди дека му е подобро незаштитен, поставете му ултиматум: или ќе имате намалена сензација, со кондом (што е речиси незабележливо), или воопшто ќе немате чувство. Тие сигурно ќе изберат заштита.

Од обврска

Некои девојки ќе се согласат да имаат секс дури и кога воопшто не им се допаѓа, затоа што мислат дека мора. Мажите кои уценуваат и тераат на секс, само затоа што како нивна девојка или сопруга треба да го правите тоа, не заслужуваат да го добијат тоа што го сакаат. Секако, зборуваме за ситуација кога не ви се допаѓа, а имате право да одбиете секс без страв, токму затоа што сте во врска.

Секс од одмазда

Дечкото ве исфрли, а вие ќе се одмаздите спиејќи со некој што навистина не ви се допаѓа? Препорачливо е строго да избегнувате ваков секс. Покрај тоа што спиете со друго момче поради сите погрешни причини, големи се шансите на момчето за кое сте го направиле тоа да не му е грижа.

За стекнување љубов

Многу девојки мислат дека ако веднаш имаат секс, ќе ја освојат „вечната“ љубов и почит на мажот што им се допаѓа. Логиката налага поинаку: ако те заслужува, ќе почека, а ако те суди само според подготвеноста да спиеш со него, веројатно веднаш по сексот ќе почне да бара нова девојка која сè уште не ја освоил.

Причини за сексуални проблеми во врската

Поврзани вести

Најчестите проблеми на заљубените

Radmila Tasevska

Три знаци со кои несвесно ги одбивате мажите од вас

Radmila Tasevska

Какви чуда создава редовниот секс со вашето тело?

Radmila Tasevska