Редовниот секс е основна потреба, а носи и многу придобивки за физичкото и менталното здравје. Толку многу што за нашето здравје е речиси исто толку важно како спиењето и добрата исхрана.
Во случај да ви настрада сексуалниот живот поради недостаток на партнер или тој едноставно не е заинтересиран за интимни односи, мастурбацијата е идеална алтернатива, а има и благотворно влијание врз здравјето.
Мочниот меур
Интимните односи помагаат за зајакнување на карличните мускули, што влијае на посилните контракции, кои сами по себе го прават оргазмот попријатен.
Тие, исто така, ја подобруваат функцијата на мочниот меур и ја намалуваат можноста за инконтиненција, која влијае на 30 проценти од жените во одреден период од нивниот живот, а се однесува на неможноста да се контролира мокрењето.
Атрофија на клиторисот
Клиторисот е една од најчувствителните области на човечкото тело.
Меѓутоа, ако го лишите од сексуална стимулација, тој привремено ќе се намали и ќе ја изгуби сензацијата. Таа состојба ја нарекуваме атрофија на клиторисот, а таа е предизвикана од недостаток на проток на крв и тоа не е нешто што сакате да ви се случи.
Природен лек за болка
Појавата на ендорфини за време на интимните односи влијае на ублажување на менструалните грчеви, но и главоболките, не е лошо да се има предвид кога посегнувате по лекови против болки.
Здравјето на срцето опасно страда
Сексот го зголемува пулсот и протокот на крв, придонесувајќи за целокупното здравје на срцето.
Истражувањата покажаа дека мажите кои имаат секс двапати неделно имаат помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести од оние кои имаат помалку од тоа.
Намалување на стресот
Со сексот, ние ја ублажуваме анксиозноста и стресот, предизвикувајќи хормони како окситоцин и допамин кои го релаксираат нашето тело, ја зајакнуваат врската и го подигнуваат нашето расположение. Исто така, се намалува нивото на кортизол и адреналин, што дополнително ја намалува анксиозноста.
Она што е одлично е што помага да се одвлечат негативните мисли. Студија од 2021 година покажа дека луѓето кои имале активен сексуален живот за време на пандемијата имале значително пониски резултати за анксиозност и депресија.
Имунолошкиот систем
Луѓето кои имаат редовен секс имаат посилен имунолошки систем. Докажано е дека сексот еднаш или дури двапати неделно влијае на повисоко ниво на имуноглобулин кој не штити од бактерии, вируси и други „натрапници“.