СТАНДАРД life
Секс и врски

Тип на маж со кој жената ќе ја има најдобрата кулминација во кревет

Истражувањето спроведено на жени на возраст од 20 до 69 години, кои пополниле прашалник за нивното сексуално минато, открило со каков тип на маж жената доживува најдобар оргазам. Жените кои биле во посветени, долготрајни врски не биле дел од истражувањето бидејќи луѓето што го спроведувале верувале дека „луѓето во врска можеби се чувствуваат обврзани да го оценат својот сегашен партнер поповолно отколку што е фактички точно“.

Според него, мажите кои повеќето луѓе ги етикетираат како „духовити“, односно склони кон шеги и забавни разговори, се покажале како најдобри љубовници, според истражувањето.

Всушност, една студија објавена во Socioaffective Neuroscience & Psychology забележува дека хумористичните, креативните и емотивно топлите мажи имаат поголема веројатност да им „подарат оргазам“ на жените, а жените ги оценуваат оргазмите со нив како „најдобри“.

Целта на истражувањето беше да се открие кои карактеристики кај мажите се поврзани со нивното обезбедување на најпријатен оргазам. Според студијата, веселиот и разигран карактер, кој кај мажите се доживува и како добро расположение, бил фактор за постигнување незаборавни сексуални кулминации. Ова сугерира дека хуморот води до блискост што им овозможува на жените да доживеат интимност на многу повисоко ниво.

„Моделот пронајден во нашите резултати сугерира дека женските оргазми зависеле повеќе од особини кои потенцијално претставуваат вложување и внимание (на пример, верност, емоционална топлина и духовитост) отколку она што ние го нарекуваме класични маркери за добри гени и мажественост, како што се истакната вилица и слично“, објавија истражувачите.

Според студијата, жените имале најдобри искуства со мажи со позитивни карактеристики. Партнерите кои предизвикувале големи оргазми биле оценети како подуховити, покреативни, потопли, поверни и со попријатен мирис од оние со кои не доживеале незаборавни оргазми, а исто така повеќе се труделе жената да достигне кулминација.

Тимот укажа на некои ограничувања на нивното истражување, вклучително и тешкотијата да се одвои кои карактеристики на изгледот најмногу придонесуваат за женскиот оргазам. На пример, повисоките нивоа на хумор и креативност може едноставно да придонесат за оценување на привлечноста, што пак ја зголемува веројатноста за оргазам.

Во претходните студии за психолошките карактеристики на добриот љубовник, жените најчесто истакнувале два фактора – самодовербата и машкиот приход. Имено, се верува дека мажите кои добро заработуваат и имаат висока самодоверба покажуваат поголема иницијатива во креветот, помалку се склони на самокритика и повеќе сакаат да експериментираат.

Што се однесува до посакуваните физички особини и леснотијата за постигнување оргазам, претходните истражувања открија дека оргазмот е во силна корелација со тоа колку мажот е физички привлечен за својата партнерка, и изненадувачки, со еден физички атрибут – ширината на неговите раменици.

Иако звучи малку бизарно, не е баш така – објаснуваат експертите. Имено, ширината на рамената е поврзана со повисоко ниво на тестостерон, пишува IFL Science.

8 трикови за посилен и подолг оргазам

Поврзани вести

Дали треба да се венчате поради љубов или поради финансиска сигурност?

Urednik

Како да препознаете емотивно неверство: 5 модели на однесување за кои можеби не сме ни свесни

Urednik

Јасни знаци дека жената навистина доживува оргазам, не може се да одглуми

Urednik