СТАНДАРД life
Секс и врски

Важни правила за првиот секс во новата врска

Ако сте заљубени и чувствувате пеперутки во стомакот, не е чудно ако сакате што поскоро да разменувате нежности, но немојте. Почекајте барем до петтиот состанок пред да се препуштите на сексуални односи со новиот партнер, се разбира доколку не ве интересира само сексот. А еве зошто…

Според најновото истражување спроведено од порталот за онлајн состаноци Singles247.com, на жената и требаат најмалку четири средби со нов маж за да проучи дали тој маж е добар „материјал за врска“.

Во истражувањето учествувале 2.000 жени, а резултатите покажале дека пред спиење со нов маж, жената ќе очекува најмалку 12 разменети СМС пораки, пет долги телефонски разговори и најмалку еден букет цвеќе.

Пред нежни допири под кебе, парот треба да гледа најмалку три филма заедно, да размени седум страсни бакнежи, како и најмалку четири заеднички оброци.

На овој начин ќе можете да откриете дали има знаци кои покажуваат дека е нетрпелив кога е сексот во прашање и дали тоа е всушност единственото нешто што го сака од врската.

А ако мажот „измерка“ друга жена за време на заеднички состанок, на врската речиси веднаш ќе и дојде крајот – покажало истражувањето.

Поврзани вести

Дали треба да се венчате поради љубов или поради финансиска сигурност?

Urednik

Изгледа среќно, но ова се сигурни знаци дека жената одглумила оргазам

Urednik

Кои сексуални односи треба строго да се избегнуваат?

Urednik