СТАНДАРД life
Шоубиз

🎥 „Никогаш не сум ги видел Тејлор Свифт и Блејк Лајвли под толкав стрес“: Видеото од Супер Боул стана хит на Интернет

Пејачката Тејлор Свифт привлече големо внимание на Супер Боул. Таа од трибините го бодреше своето момче Тревис Келси кој игра за Канзас Сити Чифс.

Неговиот тим триумфираше со резултат 25:22, а во тој момент Тејлор почна да вика и да скока радувајќи се.

Пејачката на натпреварот пристигна во друштво на своите пријателки Блејк Лајвли и Ајс Спајс, а трите со голема возбуда го следеа натпреварот.

Видео од бодрењето на Тејлор и Блејк стана хит на социјалните мрежи. Тоа беше момент кога ситуацијата на теренот, судејќи по нивните реакции, беше доста напната, а Блејк во еден момент дури и опцу.

„Никогаш не сум ги видел Тејлор Свифт и Блејк Лајвли под толку голем стрес“, гласи описот на видеото.

Поврзани вести

Поранешните сопружници во добри односи: Бен Афлек и Џенифер Гарнер фатени во прегратка

Urednik

Принцезата Кејт и принцот Вилијам на служба за одбележување на годишнината од смртта на кралицата

Urednik

Познатата Хурем непрепознатлива по операциите: Фотографиите на актерката го обиколија светот и ги изненадија нејзините фанови

Radmila Tasevska