СТАНДАРД life
Шоубиз

🎥Томи Ли Џонс (77) ја прашува својата колешка (21) дали заедно снимиле некоја сцена

Средбата на Томи Ли Џонс и неговата млада колешка Џена Ортега на црвениот тепих е тешко да се прераскаже.

Тие беа на премиерата на „Finestkind“ во Лос Анџелес, во која глумат заедно. Додека позираа пред фотографите, збунетиот 77-годишен Ли ја праша 21-годишната Ортега дали снимиле некакви сцени заедно.

„Да, една“, му вели претпазливо Ортега, а потоа почна да објаснува за што се работи за сцената.

Потоа Џонс ја прашува дали го гледала филмот, на што таа одмавнала со главата. Потоа и двајцата почнаа да се смеат. На социјалните мрежи кружат видеа и фотографии.

Многумина се пошегуваа на сметка на Томи, сеќавајќи се на неговата култна улога во филмот „Мажи во црно“.

„Дали тој случајно го избриша сопственото сеќавање?“ напишаа многумина.

Поврзани вести

Бракот на Џеј Ло и Бен Афлек во сериозна криза

Radmila Tasevska

Хали Бери за стареењето: „Го оспорувам сето она што мислев дека го знам за менопаузата“

Urednik

„Maestro“ веќе е кандидат за Оскар – доби седумминутни овации во Венеција

Urednik