Пејачката Адел (35) не можеше да ги сокрие емоциите кога направи услуга на пар за време на концерт во Лас Вегас и го откри полот на нивното неродено бебе.
Во сега веќе виралното видео, пејачката го забележа знакот во публиката за време на концертот и се согласи да го открие полот на детето за време на нејзиниот распродаден концерт.
Откако открила дека идните родители чекаат момче, таа ги замолила „еден ден да и возвратат на услугата“.
Нејзиниот коментар ги подгреа гласините дека пејачката планира бебе со нејзиниот вереник Рич Пол.
Адел веќе има син од бракот со Сајмон Конецки.