СТАНДАРД life
Шоубиз

Бела Хадид отворено за својата борба со болеста: „Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“

Една од најуспешните манекенки на денешницата, 26-годишната Бела Хадид, отворено проговори за нејзината здравствена состојба и за борбата со Лајмската болест.

Откако нејзината сестра Џиџи Хадид ја сподели со своите следбеници на Инстаграм веста дека Бела е подложена на интензивно лекување и дека се повлекла од работа за да се посвети на своето здравје, сега Бела реши да ги сподели со јавноста тешките моменти низ кои минува откако и е дијагностицирана болеста.

Во текот на изминатата година, многу обожаватели забележаа дека Бела Хадид отсуствува на некои од најпознатите настани во годината, вклучувајќи ги Мет Гала, Париската модна недела и Канскиот филмски фестивал. Имаше шпекулации дека нејзината одлука да се откаже од ангажманот и појавувањето можеби е поради болест, поттикната од нејзината објава во TikTok во април во која таа објасни дека операцијата на коренскиот канал ја разгорела Лајмската болест со која се бори со години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Бела Хадид сега сето тоа го потврди со фотографии и долга објава на Инстаграм во која зборува за своето здравје.

„Малата јас што страдав ќе беше толку горда на мене како возрасна затоа што не се откажав“, ја започна својата долга објава познатата манекенка.

„Благодарна сум на мајка ми што ги чуваше сите мои медицински наоди, што беше покрај мене цело време, никогаш не ме остави, ме чува и ме поддржува, но најважното – што ми веруваше цело ова време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Животот со оваа состојба, која се влошуваше со текот на времето и работејќи за да јас, моето семејство и луѓето околу мене се гордееме, го зема својот данок на многу начини што сè уште не можам да ги објаснам. Најпрво сакам да ви кажам дека сум добро и да не се грижите. Второ, не би менувала ништо, ако треба да го направам тоа одново за да дојдам до овој момент каде што сум сега, конечно здрава, повторно би го направила. Тоа ме направи личноста што сум денес.

„Имам многу благодарност за животот и гледам назад на него, овие 100+ дена на Лајм, хронична болест, третман на инфекции, скоро 15 години невидливо страдање, сето тоа вредеше ако можам да ширам љубов низ мојот живот и да бидам во можност да бидам јас, за прв пат во мојот живот“, напиша Бела, заблагодарувајќи се на нејзината агенција, агентите, лекарите и медицинските сестри во објавата.

Хадид нагласи и дека тешкиот пат низ кој поминала на крајот бил позитивен. „Што се однесува до можното враќање на пистата? Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“, додаде таа.

Бела Хадид
Бела Хадид

Лајмската болест е инфекција предизвикана од бактеријата Borrelio burgdoferi, а се пренесува со каснување на заразен крлеж. Се јавува во локализирани региони низ Европа, САД, поранешниот Советски Сојуз, Јужна Африка, Австралија и Азија.

Најчести симптоми на Лајмска борелиоза при рана инфекција се: болка во мускулите и зглобовите, главоболка, треска, слабост, тешкотии со концентрирање.

Рана проширена форма на болеста: воспаление на срцето (кардит), парализа на лицето (Белова парализа), менингитис, кратки епизоди на оток и болки во зглобовите (артритис).

Во хроничната фаза симптомите се: артритис, блага до умерена непријатност, слабост на екстремитетите и моторна координација, што укажува на зафатеност на централниот и периферниот нервен систем.

Поврзани вести

🎥 „Никогаш не сум ги видел Тејлор Свифт и Блејк Лајвли под толкав стрес“: Видеото од Супер Боул стана хит на Интернет

Radmila Tasevska

Се снима филм или серија за Бритни Спирс, Бред Пит и Рис Витерспун се во борба за правата

Urednik

Тајната борба на позната актерка: „Поминав низ многу работи за кои никој не знаеше“

Urednik