СТАНДАРД life
Шоубиз

Џорџ Клуни за сопругата Амал: Подобро јас да готвам, таа може да не убие сите

Џорџ Клуни неодамна се пошегува дека неговата сопруга Амал има толку лоши вештини што може да го „убие целото семејство“, пренесува Page Six. 62-годишниот актер откри дека оваа година за Божиќ ќе подготвува мала мисирка, слична на онаа што ја направил за Денот на благодарноста.

„Мојата сопруга е одличен адвокат, еден од најголемите адвокати во светот, но подобро е да готвам јас, бидејќи постои шанса сите да умреме ако таа готви“, рече тој во интервјуто за време на премиерата на „The Boys in the Boat“ на Амазон во Лос Анџелес, кој го режираше и продуцираше.

Што се однесува до односот со неговите деца, за време на неговата прошетка на црвениот тепих, новинарите го прашале дали децата разбираат кој е нивниот татко. „Тие немаат поим. Едно од децата во училиштето му кажа на нашиот син дека сум славен. Подоцна, син ми ме праша: „Тато, што е тоа славен? – раскажа Клуни.

Да потсетиме, актерот се ожени со адвокатката пред девет години, а во претходно интервју за CBS, парот ја откри тајната на среќниот брак, која е прилично едноставна. Имено, тие никогаш не се расправаат.

Двојката пред шест години доби близнаци: ќерката Ела и синот Александар.

📷Амал и Џорџ Клуни целосно го маѓепсаа Лондон со својата елеганција

Поврзани вести

📸Дамијано Давид фатен со нова девојка: Фронтменот на „Манескин“ потврди дека е во врска со познатата пејачка

Urednik

Вил Смит не живее со сопругата седум години – Ова е причината!

Radmila Tasevska

Кевин Бејкон и Кира Сеџвик после 25 години брак дознале дека се братучеди

Radmila Tasevska