СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Северина среде зима во минијатурно здолниште и корсет: „Мене ми е топло…“

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ се пофали на социјалните мрежи со својот стајлинг што „повикува“ на лето, шегувајќи се: „Топло е, топло е, топло е, +30° е, не ми е ладно, топло е, топло е…““.

На фотографиите, Северина позира во сив корсет што го комбинирала со кафеаво мини здолниште. Преку него, таа префрлила палто направено од истиот материјал како и корсетот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Облекла кафеави салонки со високи потпетици, а во раката носела посебен моден додаток. Станува збор за чанта „Andiamo long clutch“ од „Ботега Венета“, исто така во кафеава боја.

Ова луксузно парче од познатиот италијански моден бренд може да се најде за 2.800 евра онлајн.

Северина одлучила да го повика летото со оваа летна комбинација среде зима и се пошегува во описот под фотографиите: „Моќта на манифестацијата: Топло е, топло е, топло е, + 30° е, не ми е ладно, топло е, топло е…“.

Кафеавата боја ги освои полиците во продавниците за облека оваа зима, така што ниту Северина не можела да ѝ одолее. Заедно со денешната комбинација, таа неодамна носеше и креација во оваа боја на доделувањето на хрватските актерски награди.

За таа пригода, Северина избра кафеав кафтан фустан со пердуви, кој е креација од брендот „Талер Мармо“.

Поврзани вести

Ново обвинение за силување против Шон „Диди“ Комбс

Urednik

По врската со фаталниот Французин, Дуа Липа во врска миленикот на Британија

Urednik

Зои Дешанел се вери, среќната вест ја сподели на мрежите

Urednik