СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Трансродовата ќерка на Илон Маск е новото лице на брендот за долна облека на Ријана

Музичката ѕвезда Ријана повторно ги поместува границите на модната индустрија. За нејзината најнова кампања за „Денот на вљубените“ за брендот за долна облека „Саваџ х Фенти“, таа ја ангажираше Вивијан Вилсон, 21-годишната трансродова ќерка на Илон Маск.

 


Иако таа не е блиска со својот татко, таа е ѕвездата на колекцијата „Love So Savage: A Modern Ode to Aphrodite“, пишува „Пејџ сикс“.

На фотографијата од кампањата, Вилсон (десно на фотографијата) се појавува покрај актерките Лови Симон и Ема Арлета пред импресивни мермерни статуи. Таа носи градник со розов дезен и мини здолниште од чипка, заедно со светло црвени хулахопки, златни обетки и темноцрвен кармин. Други познати личности кои учествуваат во кампањата се ѕвездите од ријалити шоуата Серена Пејџ и Кордел Бекам, како и инфлуенсерите Хејли и Жулс Лебланк.

Ријана, која брендот „Саваџ х Фенти“ го покрена во 2018 година, ја објасни визијата зад новата колекција:

– „Денот на вљубените“ е време за славење на љубовта во сите нејзини форми. Во „Саваџ х Фенти“, сакаме луѓето да ја прифатат љубовта на секој начин и да создаваат производи кои на луѓето им овозможуваат да се чувствуваат самоуверено додека тоа го прават – изјави пејачката за „ВВД“.

За Вивијан, ова е уште еден голем чекор во нејзината брзорастечка кариера во манекенството. Таа се појави и на насловната страница на „Тин Вог“ минатата година, а кратко потоа го направи своето професионално деби за брендот „Вајлдфенг“, додека истата година позираше и за брендот за долна облека „Томбојикс“.

Вивијан дополнително ја зацврсти својата кариера минатиот септември на Неделата на модата во Њујорк, каде што прошета на ревијата „Крисабана“ за пролет 2026 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vivian Jenna Wilson (@vivllainous)

Поврзани вести

Се сеќавате на Нели Фуртадо? Пред 23 години имаше голем хит, а сега се подготвува враќање

Urednik

Гимнастичарка откри колку заработува од една објава на Инстаграм, ЌЕ СЕ ШОКИРАТЕ

Urednik

Откажан настапот на Никола Роквиќ во Хрватска: Српскиот пејач се огласи, еве за што станува збор

Urednik