Мис Финска Сара Џафче, по потекло од Косово, остана без титулата поради расизам, објавија организаторите на натпреварот.
Џафче, која ја освои титулата Мис Финска во септември 2025 година, предизвика силни реакции на социјалните мрежи откако објави фотографија на која ги влече очите накосо со прстите, со наслов на фински „kiinalaisenkaa syömäs“ – што отприлика се преведува како: „кога ручаш со Кинез“, пренесува „Коха“.
Ова доведе до обвинувања за расизам и толкување дека Џафче се потсмева на Азијците.
Таа првично рекла дека не ѝ била намера да навреди никого и дека ги правела гестовите со рацете поради главоболка.

Организацијата на изборот за Мис Финска објавила дека не прифаќа расизам или дискриминација во која било форма. Од организацијата, исто така, се извиниле за овој „инцидент“ и додале дека ќе ѝ ја одземат титулата.
Како последица на оваа одлука, Тара Лехтонен, која заврши втора во септември, ќе биде новата Мис Финска.
По инцидентот, Сара Џафче организирала прес-конференција на која, меѓу другото, се извинила.
„Многу ми е жал на сите што ги навредив и повредив со моите постапки на социјалните мрежи“, изјави таа.
View this post on Instagram
