СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото+видео) Славните мајка и ќерка повторно се соблекоа, носат само чипка

Славните мајка и ќерка, манекенката и водителка Хајди и Лени Клум, редовно ги красат кампањите за познатиот италијански бренд за долна облека, а повторно се најдоа на фотографии во провокативни изданија. Двете изгледаат одлично и „Интимисими“ очигледно ги обожава, а новата соработка се случи речиси пред две години

Овој пат, мајката и ќерката позираат во неодолива долна облека што нè потсетува дека пролетта е пред врата, и соодветно на тоа Хајди и Лени носат градник и гаќи од чипка.

Познатата манекенка позираше во поинтензивна боја на долна облека, додека Лени носеше поромантична верзија – со мотив од цреша и везена чипка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Двете ги објавија фотографиите на своите профили на социјалните мрежи, каде што споменаа дека пристигнала нова, посебна колекција долна облека.

Последно позираа за брендот во април 2025 година, а започнаа да соработуваат во 2022 година. Реакциите на јавноста се поделени, при што некои сметаат дека оваа соработка е доста „невообичаена“, особено затоа што Лени е сè уште млада, додека други веруваат дека мајката и ќерката во долна облека се совршено вклопуваат во кампањата.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Огромна толпа во Рим го следеше Сталоне, луѓе врескаа

Urednik

Хејли Бибер се вклучи во бизнисот на нејзиниот сопруг Џастин

Urednik

Еди Марфи по 30 години повторно ќе глуми во „Полицаец од Беверли Хилс“

Radmila Tasevska