СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Поранешниот сопруг на Кети Пери обвинет за нови две силувања и сексуален напад

Комичарот и актер Расел Бренд обвинет за уште две точки за силување и сексуален напад

Британската полиција соопшти дека комичарот и актер Расел Бренд (50) е обвинет за нова точка за силување, како и за уште едно точка за сексуален напад.

Новите обвиненија, што ги одобри Крунското обвинителство, се однесуваат на две жени и следат по пет обвиненија поднесени во април, во кои се вклучени уште четири жени: две обвиненија за силување, едно обвинение за непристоен напад и две обвиненија за сексуален напад, а се однесуваат на настани стари повеќе од две децении, пренесува Ројтерс.

Бренд по повод новите обвиненија ќесе појави пред Магистратскиот суд во Вестминстер на 20 јануари 2026 година.

Судењето за претходните обвиненија е закажано за 16 јуни 2026 година во Краунскиот суд во Саутворк.

Бренд се изјаснил за невин по петте првични обвиненија во мај.

Некогаш познатиот британски водител и поранешен сопруг на американската поп-пејачка Кети Пери, Бренд негираше дека имал сексуални односи без согласност.

Откако првичните обвинувања беа објавени, тој рекол дека во помладите денови бил непромислен и зависен од секс, но дека „никогаш не бил силувач“.

Првичната истрага беше покрената во септември 2023 година откако обвинувањата беа објавени во емисијата „Dispatches“ на Канал 4 и во весникот „Сандеј тајмс“.

 

Поврзани вести

Николас Кејџ за раскинувањето со Сара Џесика Паркер во 90-тите: Не го поминав „мама“ тестот

Urednik

Софија Вергара е „кралицата на кокаинот“ во тизерот за „Griselda“

Urednik

Врската на Бредли Купер и Џиџи Хадид станува се посериозна

Urednik