Познатата турска актерка Мерјем Узерли стекна светска слава со улогата на султанка Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“.
Мерјем Узерли го маѓепса светот со својата раскошна убавина, а по прикажувањето на споменатата серија стекна голем број обожаватели ширум светот.
Сепак, од емитувањето на турските серии помина повеќе од една деценија, а популарната актерка во овој период помина низ бројни животни кризи, од кои најголема беше кога се бореше за своето здравје.
Славната Хурем не го прифатила фактот дека старее, и направила естетски зафати кои значително и го промениле физичкиот изглед.
Многу обожаватели ја критикуваа актерката дека ја изгубила границата во разубавувањето, како и дека претерала со естетските операции, лифтинг на лицето и употребата на ботокс.
View this post on Instagram
Една од нејзините последни објави привлече големо внимание, а се работи за слика на која таа позира со врзана коса, а лицето дојде до израз повеќе. Коментарите беа поделени, па некои и дадоа комплименти, а имаше и такви кои помислија дека Мерјем претерала и го сменила личниот опис.
Да потсетиме, актерката отворено проговори за тешките депресивни фази низ кои поминала откако бившиот партнер ја оставил. Поради проблеми со менталното здравје, актерката по обидот за самоубиство извесно време била хоспитализирана.