СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / LinkedIn
Шоубиз

(Видео) Позната актерка сака да се самоубие, сега ја тужи државата затоа што не ѝ дозволува да го стори тоа

Успешната канадска актерка и комичарка Клер Бросо (48), и покрај нејзината кариера, пријателите и семејството кои ја поддржуваат, јавно објави дека сака да го заврши својот живот со асистирано самоубиство бидејќи, како што тврди, повеќе не може да се справува со долготрајната ментална болест, пишува „Дејли мејл“.

На Бросо веќе ѝ било дијагностицирано биполарно нарушување на 14-годишна возраст, а во текот на животот ѝ биле дијагностицирани и анксиозност, хронични суицидни мисли, нарушувања во исхраната, нарушувања на личноста, зависности, посттрауматско стресно нарушување (ПТСН) и голем број други ментални состојби. Во отворено писмо објавено на платформата Substack, таа река дека неколкупати се обидела да се самоубие и дека со децении била лекувана од психијатри, психолози и терапевти низ Северна Америка.

Таа пробала бројни терапии, лекови, па дури и водени психоделични третмани, но без трајно подобрување. И покрај нејзиниот професионален успех – настапувала во театар, филм и телевизија и соработки со познати актери – таа вели дека болеста постојано ја саботирала. Во интервјуто за „Њујорк тајмс“, таа опишала како по успешните денови на снимањето, вечерите ги поминувала во длабока емоционална болка и суицидни мисли.

Во 2021 година, таа одлучила да побара евтаназија како дел од канадската програма за медицинска помош при умирање (MAiD), која им овозможува на сериозно болни возрасни лица да го завршат својот живот со медицинска помош. Сепак, лицата чии болести се исклучиво психолошки во моментот немаат право на оваа постапка. Иако укинувањето на таа забрана било планирано за 2023 година, одлуката била одложена двапати, а новиот рок сега е 2027 година.

Поради ова, Бросо, заедно со поранешниот воен дописник Џон Скали, кој страда од ПТСН, поднесле тужба против канадската држава, тврдејќи дека нејзините основни права се прекршени и дека постојниот закон е дискриминаторски. Таа рекла дека сака „исти права како и луѓето со неизлечиви физички болести – право да одлучат кога и како ќе умрат“.

Нејзиниот случај дополнително ја разгоре веќе жестоката дебата во Канада за границите на асистирано умирање. Дури и лекарите кои ја лекуваат се поделени. Професорката по психијатрија од Универзитетот во Торонто, Гејл Робинсон, верува дека MAiD би можела да биде разумна опција во нејзиниот случај, додека друг психијатар, д-р Марк Феферград истакнува дека верува оти Бросо може да се опорави и дека потпомогнатото самоубиство не е ниту единственото ниту најдоброто решение. Случајот на Клер Бросо покренува тешки етички и социјални прашања за лекувањето на менталните болести, границите на личната автономија и улогата на државата во одлуките за живот и смрт.

Поврзани вести

Бритни Спирс откри дека татко ѝ бил алкохоличар

Radmila Tasevska

Стифлер од „Американска пита“ се разведува по четири години брак

Radmila Tasevska

📸 Познатата манекенка се пофали со роденденска фотографија во костим за капење

Radmila Tasevska