СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Видео) Сите очи вперени во неа: Емили Ратајковски во џемпер кој едвај ѝ ги покрива голите гради!

Американската манекенка Емили Ратајковски позната е по своите разголени изданија, па така и овој пат, не остави многу на имагинацијата кога пристигна на ревијата на „Loewe“ во замокот Винсен за време на Модната недела во Париз.

Ратајковски носела џемпер префрлен преку рамената кој едвај ѝ ги покриваше градите. Кога излегла од автомобилот, сите очи биле вперени во неа. Во комбинацијата со разголеното издание манекенката носела само црни панталони и темни очила за сонце.

 

Реакциите биле поделени за ваквниот стајлинг на Ратајковски. Некои корисници на социјалните мрежи велат дека таа претера со оваа модна изјава, додека други ја поддржуваат.

„Кој би сакал ваков гостин на нивната ревија?“, „Стилистот треба да биде отпуштен“, „Невкусно“, „Кралица“, „Жената знае како да привлече внимание“, „Толку е згодна“, се некои од коментарите.

Таа присуствуваше на ревијата заедно со актерките Џулија Гарнер и Сиси Спејшек, режисерот Баз Лурман и неговата сопруга Кетрин Мартин.

Неделата на модата во Париз е еден од најпрестижните модни настани во светот. Овогодинешното издание трае до 10 март. Вклучува 67 модни ревии.

За потсетување, Емили Ратајковски неодамна стана предмет на исмејување на социјалните мрежи поради нејзиното одење на ревијата на Гучи на Неделата на модата во Милано. Многумина веруваат дека премногу се извртувала и било очигледно дека не ѝ е местото таму.

Поврзани вести

Сопругата на Брус Вилис пишува книга за животот по неговата дијагноза

Radmila Tasevska

Адел по осум години во Европа: Препродавачи продаваат билети за неверојатни суми

Radmila Tasevska

Семејството на Метју Пери се огласи по смртта на актерот

Radmila Tasevska