СТАНДАРД life
Шоубиз

Здравствената состојба на Селин Дион се влошува, веќе не може да ги контролира мускулите: „Ниту еден лек не делува…“

Постарата сестра на Селин Дион потврди дека легендарната канадска пејачка „повеќе нема контрола над своите мускули“.

Една година откако пејачката на „My Heart Will Go On“ беше принудена да ја откаже својата светска турнеја минатиот декември, нејзината 74-годишна сестра инсистираше на тоа дека може да помине „доста време“ пред Селин (55) да се врати на сцената по борбата со невролошкото нарушување познато како вкочанетост, односно „синдром на вкочанета личност“.

Состојбата на Селин, која прогресивно се влошува и е неизлечива, предизвикува телото да ги напаѓа сопствените нервни клетки и сериозно влијае на мобилноста.

Според Дејли Мејл, Селин „работи напорно, но нема контрола над своите мускули“.

– Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана – изјавила Клодет за 7 Jours.

– Секогаш работеше напорно, а нашата мајка секогаш и велеше дека „ќе направи се како што треба“. Нејзиното враќање на сцената е цел и за нас и за неа. Сепак, не знам на кој начин – истакна таа.

Додека истражувањето за нејзината здравствена состојба е во тек, напредокот за жал е бавен поради реткоста на гореспоменатиот синдром.

– Гласните жици се мускули, а и срцето е мускул. Бидејќи е случај во милион, научниците не го истражувале толку овој синдром, бидејќи не е широко распространет – објасни Клодет.

Добротворната организација на семејството на Селин, Фондацијата „Maman Dion“, е преплавена со пораки за поддршка на ѕвездата.

– Некои луѓе изгубија надеж бидејќи болеста не е добро позната. Само да знаете колку телефонски повици добива Фондацијата за Селин… Луѓето ни велат дека ја сакаат и се молат за неа. Добива толку многу пораки, подароци и благослови… – раскажала нејзината сестра која претходно открила дека и покрај тоа што работела со „врвни истражувачи во областа“, не забележала подобрувања во нејзиното здравје.

– Не можеме да најдеме лек кој делува, но важно е да се има надеж – тврди Клодет.

Инаку, во октомври Клодет изјави дека Селин сè уште не се потпира на инвалидска количка и дека сепак планира да им се врати на настапите. Луѓето кои страдаат од синдромот на вкочанета личност (СПС) често се нарекуваат „човечки статуи“, бидејќи прогресивно го заглавува телото во крути позиции, а болните на крајот не можат да одат или да зборуваат.

Состојбата, за која се смета дека влијае само на еден од милион луѓе, може да доведе и до грчеви кои предизвикуваат доволно сила за да се скрши коската. Најчесто болеста се дијагностицира кај пациентите на возраст од 30 до 50 години, а тоа се претежно жени. За потсетување, пејачката својата дијагноза првпат ја објави на јавноста во декември 2022 година преку емотивна објава на Инстаграм, а неколку месеци подоцна ја откажа светската турнеја, која требаше да започне на крајот на 2023 година.

Во септември, на YouTube се појави видео со наслов „Семејството на Селин Дион открива како таа умира“, во кое неидентификуван наратор вели дека нејзината смртна болест „се шири навистина брзо“. Видеото оттогаш е повторно објавено на TikTok, каде што има повеќе од 430.000 прегледи.

Видеото предизвика гласини на социјалните мрежи дека уметничката, добитничка на Греми, сега е врзана за инвалидска количка и тешко се движи. Сепак, сестрата на Селин ги негираше тврдењата. Иако не постои лек за синдромот на вкочанета личност, постојат третмани за забавување на прогресијата, а Селин откри дека прави се што може за да ги намали симптомите.

Сестрата на Селин Дион за нејзината состојба: „Не можеме да најдеме лек кој делува“

Поврзани вести

Ким Кардашијан го покажа лицето без шминка: Решила да не ги крие акните и црвенилото

Radmila Tasevska

Зои Кравиц и Ченинг Тејтум се верија по две години врска

Urednik

Кејт Бекинсејл (50) со децении не била изложена на сонце, а се плаши од хемиски пилинг и други третмани

Urednik