СТАНДАРД life
Шоубиз

Ѕвезда на „Беверли Хилс“ порасна во луксуз, а сега живее со своите деца во кампер

Тори Спелинг, 50-годишната актерка која се прослави со улогата на Дона Мартин во хит серијата од 90-тите „Беверли Хилс 90210“, доживува тежок период во последно време.

Откако неодамна беше објавено дека ќерката на познатиот продуцент Арон Спелинг се разведува од сопругот Дин Мекдермот по 18 години брак и пет деца, таа сега е во нови неволји.

„Со голема тага и тешко срце, по 18 години заедно и пет прекрасни деца, Тори и јас решивме да тргнеме по својот пат и да започнеме нови патувања. Ќе продолжиме да работиме заедно како родители и водичи за нашите деца во овие тешки моменти. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност бидејќи го одвојуваме ова време да го поминеме со семејството и да се справиме со ова. Ви благодарам на сите за поддршката и добрината“, објави тогаш Дин, но набрзо таа објава исчезна од неговиот профил.

Тогаш многу медиуми објавија дека актерката која пораснала во неверојатен луксуз сега живее во мотел со своите деца, но сега се појави информација дека Тори живее во – кампер!

Како што објави Дејли Мејл, Тори била снимена како го вози камперот и била забележана како седи пред камперот на преклопен стол.

Наводно нејзината мајка Кенди, со која не е во добри односи, веднаш и понудила помош и соодветно сместување, но актерката одбила.

„Кенди поминувала часови на телефон обидувајќи се да најде соодветна куќа за нејзината ќерка и внуци, но Тори одбила да се пресели бидејќи „сакала да живее на одредено место“. Во ред е, тие треба да живеат каде што сакаат“, изјави извор за Page Six.

Инаку, во едно претходно интервју, мајката на Тора дури ја обвини својата ќерка дека ја забрзала смртта на Арон во 2006 година.

„Ќерка ми еден ден одлучи дека повеќе нема да разговара со мене, со татко и со брат и, а тоа трае веќе четири или пет години. Тоа е толку тажно. Тоа е она што го уби мојот сопруг, после тоа тој не сакаше повеќе да живее“, изјави Кенди во 2009 година.

Инаку, Тори и нејзината мајка немаат најдобри односи и се во војна откако Кенди го наследи речиси целото богатство на нејзиниот сопруг, продуцентот Арон Спелинг, додека Тори и нејзиниот брат добија само мал дел од наследството, по што не зборуваа цели пет години.

Како што пишуваше, Спелинг во моментот на смртта вредел 600 милиони долари, од кои Тори добила само 800 илјади долари кои брзо ги потрошила, но според некои проценки актерката успеала да заработи околу 17 милиони долари, но менаџирањето на финансиите никогаш не биле нејзината силна страна.

Поврзани вести

Манекенка во канџите на опијати: „Кога ги видов тие ФОТОграфии сфатив дека ќе умрам“

Urednik

Џиџи Хадид и Бредли Купер имаат „љубовно скривалиште“

Radmila Tasevska

Продолжението на „Барби“ под знак прашалник

Urednik