СТАНДАРД life
Шоубиз

🎥Томи Ли Џонс (77) ја прашува својата колешка (21) дали заедно снимиле некоја сцена

Средбата на Томи Ли Џонс и неговата млада колешка Џена Ортега на црвениот тепих е тешко да се прераскаже.

Тие беа на премиерата на „Finestkind“ во Лос Анџелес, во која глумат заедно. Додека позираа пред фотографите, збунетиот 77-годишен Ли ја праша 21-годишната Ортега дали снимиле некакви сцени заедно.

„Да, една“, му вели претпазливо Ортега, а потоа почна да објаснува за што се работи за сцената.

Потоа Џонс ја прашува дали го гледала филмот, на што таа одмавнала со главата. Потоа и двајцата почнаа да се смеат. На социјалните мрежи кружат видеа и фотографии.

Многумина се пошегуваа на сметка на Томи, сеќавајќи се на неговата култна улога во филмот „Мажи во црно“.

„Дали тој случајно го избриша сопственото сеќавање?“ напишаа многумина.

Поврзани вести

Натали Портман за нејзината прва улога: „Деца не треба да работат во Холивуд“

Urednik

Хоакин Феникс ќе глуми во експлицитна љубовна драма за двајца геј мажи

Urednik

Хајди Клум доживеа „пеџ“ на црвениот тепих: Во предизвикувачки фустан случајно покажа повеќе отколку што сакаше (ВИДЕО)

Urednik